Најмалку седум Палестинци загинаа при израелските воздушни напади во Појасот Газа

Од:

Најмалку седум Палестинци загинаа утрово во новите израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопшти портпаролот на брзата помош во Газа.

Тие загинале при бомбардирањето во јужниот и централниот дел на палестинската територија. Меѓу загинатите петмина се членови на едно семејство, од кои четири жени. Тие загинаа при двата воздушни напади во Деир ал Балах, во јужниот дел на Газа.

Најмалку 583 Палестинци загинаа, а 3.640 се повредени од почетокот на израелската воена операција во Појасот Газа, која почна пред две недели. Досега загинаа и 27 Израелци, од кои 25 војници.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа