Нов конкурс за барокни фасади во Центар

Од:

Град Скопје денеска објави нов конкурс за архитектонски идејни решенија за реконструкција на фасади на објекти во ценарот на Скопје, на улицата „Димитрие Чуповски”. Авторот на избраното решение ќе добие награда од 75 илјади денари, а потоа Градот ќе распише тендер за фирма која решението ќе го разработи во основен проект.

Конкурсот е објавен за фасадите на зградите кои се наоѓаат на улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 22 до бр.24. Фасадите на оваа улица треба да се преобликуваат во барок. Вкупно 25 објекти се во планот на Град Скопје за барокна реконструкција. Освен 6 на улицата „Димитрие Чуповски“, барокни треба да бидат и 13 фасади околу плоштад ВМРО, една зграда на улица „Црвена скопска општина“ (кај плоштадот Филип II) и уште шест барокни фасади на плоштадот „Мајка Тереза.

Минатата недела пропадна конкурсот за барокни фасади на Град Скопје бидејќи не се пријавил ниту еден архитект. „Конурсот за избор на идејно решение се поништува од причина што до истекот на крајниот рок за доставување на конкурсните трудови до договорниот орган не е пристигнат ниту еден конкурсен труд“, соопшти жири комисијата. Досега проектите за барокна промена немаа проблеми од ваков вид и власта лесно наоѓаше архитекти подготвени за барок. Меѓу нив, најчести се имињата на Жарко Чаушевски, Филип Богатинов, Звонко Ставрески, Никола Стакинов. Ова се архитектите кои се автори на барокните фасади на ГТЦ, МЕПСО, Владата и административните згради околу хотел „Бристол“.

sanja

Најголем дел од архитектите, да не речам скоро сите не се согласуваат со еклектичната архитектура која последниве години ја нарачува владата на метро. Тоа што се конкурсите поништени затоа што не се пријавил никој не значи дека архитектите почнале да го бојкотираат архитектонското обликување. Тие одамна го прават тоа. Според мене, тоа значи дека се’ се сведува на неколу архитекти (кои можат да се избројат на една рака) и кои се толку преоптеретени со работењето на “барокот”, што едноставно не можат да постигнат, бидејќи во светот не постои архитект кој може да се пофали со толку обемно творештво во центар на еден град. Освен нив, нема друг што би си дозволил да го прифати нарачаното, но и тоа не е страшно. Секогаш и секаде постоеле и ке постојат архитекти кои работат против сето она што архитектурата како наука не’ учи. Страшно е кога тој став станува државна политика, вели за А1 он, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

За фасадна реконструкција на објекти во центарот на Скопје, Градот, годинава, ќе потроши 3,2 милиони евра.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

A1on

Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Ана Ололовска

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Ана Ололовска

Архитектите во одбрана на ресторанот „Парк“, бараат запирање на постапката до целосен увид во документација

Ана Ололовска

Мишко Ралев избран за нов претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти

Ана Ололовска