37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Од:

Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но дали сите ќе се претстават пред Комисијата за прашања на избори и именувања зависи од тоа дали ги исполнуваат условите по завршување на административната селекција, информираат од Собранието.

Во Собранието за утре е зажана седница на Комисијата за прашања на избори и именувања за Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025).

Програмскиот совет на МРТ има 13 членови кои ги избира Собранието по предлог на овластен предлагач. Советот има претседател и заменик претседател. Мандатот на членовите на Програмскиот совет е пет години со право на уште еден последователен мандат.

Би можело да ве интересира

Зоран Ристовски нов директор на МРТ

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

A1on

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски