Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Од:

Пред десетина медиуми, зад разрушената Универзална сала, градоначалничката Данела Арсовска се испокара со претставници на Асоцијацијата на архитекти, но и со проектантот кој го донираше проектот за нејзино реновирање. Никој не успеа да ја убеди дека објектот е безбеден, иако архитектот кажа дека има одобрување од ИЗИС, кое го имале и во Град Скопје. Првата караница почна со претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска. Таа реагираше дека Арсовска не ја остава да се искаже и ги омаловажува архитектите.

„Ве молам докажете ме да се докажам. Реакцијата не беше наменета против вас. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Да ги плашите луѓето дека некој објект е небезбеден е…Кога ќе биде завршен објектот ќе кажеме дали објектот е безбеден. Вие сте дојдени да се карате со мене. Ве замолуваме кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден е да кажете која институција потпишала и кој го кажал“, рече претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Навреден од Арсовска која кажа дека Универзална ќе им се урне на скопјани врз глава, Мишко Ралев, претседател на Асоцијација на архитекти, исто така реагираше.

„Градењето е племенита активност која треба да ги спојува луѓето, а спојниот материјал се архитектите. Затоа секоја намера, активност на градење, треба да биде поздравена и да биде со ‘амин’ на сите. Затоа како Асоцијација ние секогаш сме биле критични кон одредени постапки. Бараме струката да не биде омаловажуванa“, рече Мишко Ралев, претседател на Асоцијација на архитекти.

Градоначалничката Арсовска реагираше по двете изјави. Таа објави за политизација, па остана на истиот став, дека Универзална не е безбеден објект.

„Вие политизирате. Сакам да нагласам сето ова во претходниве пет минути што беше прочитано, можете и самите да го земете со резерва, бидејќи Ралев е член од Извршниот одбор на СДСМ. Иницијалната каписла за се ова беше дека е стопирана изградба на Универзалната сала, а можеа да дојдат на состанок и да се разговара. Не се направиле анализи, не се видело дека треба дополнителни столбови, не се увидело дека е небезбедно. Ова е избрзано решение, без анализи, со цел да се покаже пред избори дека се прави нешто. На лице место нема соодветни анализи“, рече Арсовска.

Архитектот Бујар Муча по чиј проект ќе се реновира Универзалната сала, кажа дека проектот е безбеден. За обвинувањата од градоначалничката дека објектот ќе им падне на скопјани врз глава, тој рече дека тоа апсолутно не е точно. Арсовска се испорака и со Муца и му најави дека ќе одговара затоа што излажал дека барал средба со неа. Архитектот возврати дека не барал средба со неа, туку со надлежните во Градот.

„Препроектиравме, имаме и ново мислење од ИЗИС. Така што, се е исправно, Град Скопје има сѐ. Имам две позитивни ревизии, два позитивни извештаи од ИЗИС и позитивен извештај од професор на Градежен факултет. Срам ми е да го правам овој муабет овде. Да ме викневте еднаш, да се распрашавте…“, рече архитектот Муча, а Арсовска врати: „Вие бевте викнати. Нападите што почнаа дека стои изградбата на Универзална сала не се точни. Таа работи, според ревизиите. Ми пречи тоа што немало соодветна анализа дека работи што се планирани не можат да се постават. Ако се направела анализа на терен, ние немаше да имаме проблеми“

„Вие рековте ќе падне објектот. Не знаете каква штета направивте. Јас ранам деца, други лица ранат деца од оваа фирма, наштетивте“, рече Муца, па прашан дали ќе падне Универзална на глава на скопјани, одговори: „Вие мислите дека ќе падне? Не, се разбира“, а Арсовска го повика тоа да го потпише за да сносни евентуална одговорност.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК