Се очекува производството на новиот 4,7 инчен iPhone 6 да започне следната недела, а верзија од 5,5 инчи ќе почне да се произведува три недели подоцна.
Оваа вест ја побива гласината дека големиот iPhone 6 ќе биде пуштен во продажба во 2015-та година, иако некои експерти мислат дека компанијата наишла на проблеми при производството на обвивката и екранот и дека оваа година ќе биде пуштена само помалата верзија.
Со новиот iPhone 6, Епл ќе ги намали цените на Ајфон 5Ѕ и 5с.
Наводно најновиот модел ќе има неуништлив екран направен од сафир.