Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне и фудбалерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо, добија забрана за настап на еден натпревар во Лигата на шампионите, поради недолично однесување на финалниот дуел во елитното натпреварување.
На финалето во Лисабон Симеоне во два наврата влегуваше на теренот за време на продолженијата, а Алонсо е казнет поради тоа што трчаше покрај аут-линијата по завршувањето на натпреварот, иако тој беше под суспензија поради акумулираните три жолти картони.
УЕФА парично ги казни финалистите поради однесувањето на нивните навивачи.
Атлетико треба да плати 21 илјада евра, а Реал Мадрид три илјади помалку.