Пет натпревари од второто квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони се одиграа во текот на вчерашниот ден. Најубедлива победа забележа бугарскиот Лудогорец, две екипи пред реваншите на свој терен се стекнаа со минимална предност, а две средби завршија нерешено.
Постигнати резултати: Малме – Вентспилс 0:0, Лудогорец – Дуделанж 4:0, Динамо Тбилиси – Актобе 0:1, Стромгосет – Стеауа 0:1 и Легија – Ст.Патрик 1:1.
Преглед на резултатите на натпреварите одиграни во вторникот: Работнички – Хелсинки 0:0, Валета – Карабах 0:1, Слован Братислава – ТНС 1:0, Шериф – Сутјеска 2:0, БАТЕ Борисов – Скендербег 0:0, Зрињски – Марибор 0:0, Санта Колома – Макаби Тел Авив 0:1, Динамо Загреб – Жалгирис 2:0, Клифтонвил – Дебрецин 0:0, Партизан – ХБ 3:0, Спарта Прага – Левадија 7:0 и Рејкјавик – Селтик 0:1.
Реваншите се закажани за 22 и 23 јули.