Зоолошката градина во Скопје доби ново забавно-едукативно катче „Еко – Зоо градина“ кое е донација од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров.
Еко катчето е составено од атрактивни експонати на животни како жирафа, зебра, мајмун, мечка и многу други направени од стари гуми, пластични шишиња и други рециклирачки материјали.
– Децата добија атрактивен простор кој ќе ги привлекува најмладите, но и оние повозрасните. Оваа креативна работилница на која се работеше месец ипол ќе биде само дел од низата проекти што ќе ги реализира градинката „Росица“ во следниот период, истакна денеска директорката на градинката Ана Серафимовска.