120 години од формирањето на првиот општински комитет на ТМОРО, веднаш по солунскиот, денеска со свечена академија и со полагање на свежо цвеќе на спомен плочата која сведочи за овој настан се одбележаа денеска во Кавадарци.
На свечената академија присуствуваа потомците на Јованче Велков, Иванче Минчев и Јанаќи Илиев Ќуркчиев меѓу кои и Пане Иванов првите членови на Тајната македоно -одринска револуционерна организација од Кавадарци.
За историските факти говореше Петре Камчевски директор на Музеј-галерија Кавдарци. Тој кој меѓу другото рече дека една од основните задачи на организацијата е нејзино брзо ширење по селата во Тиквешијата , како и нејзино омасовување.
„Темелите на тајната македоно-одринска револуционерна организација во Кавадарци ги удрил Даме Груев на 15 јули 1894 година. Во Кавадарци Даме се сретнал со Иванче Минчев, Јанаќи Илиев, Пане Иванов и Јованче Велков. За таа цел бил одржан состанок во куќата на Пане Иванов во близина на училиштето во Кавадарци. Даме се интересирал за состојбите во училиштето, за животот на населението во градот и околијата. Откако се уверил дека има работа со одани и проверени луѓе Даме ги отворил картите и им рекол на своите соговорници: ”Да не стоиме со повеќе со скрстени раце и гледаме како се коваат пранги за нас, и да не биде касно, ние во Солун размисливме и формиравме Организација чија основна цел е изојување на политичка слобода по пат на револуција”- рече Камчевски.
Одбележувањето на овој значаен јубилеј започна со полагање на цвеќе пред спомен плочата , продолжи со свечена академија на која со драматизацијата „Заорок“ во изведба на кавадаречки млади артисти присутните се потсетија на 15. Јули и денот на формирањето на општинскиот комитет на ТМОРО во Кавадарци.
Извор: Дума