Викторија Нуланд: Хрватска може да стане регионален енергетски центар

Од:

Хрватска може да одигра важна улога во гарантирањето на енергетската безбедност во регионот преку диверсификација на можностите за снабдување на европските држави, овозможувајќи им на тој начин да ја намалат својата зависност од рускиот гас, изјави во Дубровник американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд.

Спорот меѓу Русија и Украина околу прашањето за цената на гасот може да се одрази врз Европа, која задоволува една третина од своите потреби од рускиот природен гас, а речиси половина од тие испораки минуваат преку Украина. Земјите од централна и источна Европа може да се соочат со повисоки цени на гасот и евентуален недостиг во текот на зимскиот период.

Нуланд истакна дека спорот околу цената, анексирањето на Крим од страна на Москва и насилствата во источниот дел на Украина ја потенцираат заканата за енергетската безбедност на Европа.

– Хрватска има важна улога, како центар за енергетска стабилност во 21. век… Земјата има впечатлива предност за реализирање и доколку се донесат разумни решенија ќе се движи напред, нагласи Нуланд.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик