Припадници на екстремната исламистичка организација ИСИС, кои од неодамна прогласија калифат, кој наводно од подрачјето на Ирак и Сирија, ќе се прошири во Европа, Азија и Африка, му испратле писмо на претседателот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, Сеп Блатер.
Во службениот допис од лидерот на фудбалската организација бараат да пронајде нова локација за одржување на Светското првенство 2022 година, чија што организација под сомнителни околности му е доделена на Катар.
Ова е писмото во целост, кое што го објави египетскиот дневен весник „ Al Wattan“.
„Почитуван, Јосифе, веќе во 2010 година ви пишавме, кога одлучивте или од страна на катарскиот емир бевте корумпирани да одлучите Катар да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година.
Сега откако е прогласен калифатот, соопштуваме дека во Катар нема да се одржи Светското првенство, со оглед на тоа што тој ќе стане дел од калифатот, со кој владее калифот Ибрахим бин Авад Алгарсија, кој е против корупција или одалечување од исламот во муслиманска држава.
Поради тоа ви предлагаме да донесете одлука за друга држава, наместо Катар. Исламската држава има проектили од типот СЦУД, кои лесно можат да го погодат Катар, тоа Американците го знаат.
Е.Г.