Кувајтската полиција употреби солзавец и шок бомби за да растера неколку илјади демонстранти кои во неделата бараа ослободување на еден опозициски активист и смена на корумпирани судии.
Пркосејќи на владината забрана за одржување протести, над 2.000 демонстранти прошетаа од Големата џамија во Кувајт по вечерната молитва кон пазарот во стариот дел на градот, каде полицијата ги растури демонстрациите.
Ова е четврти ден како што полицијата користи солзавец за да ги растера протестите против корупцијата во Кувајт.
Според очевидци, десетина демонстранти се уапсени, а имало и повредени.
Во соопштението на кувајтското МВР се вели дека полицијата растурила протест што не бил одобрен.