Власта и опозицијата во Хрватска со меѓусебни обвинувања за документот „Барбика“

Од:

Власта и опозицијата во Хрватска меѓусебно се обвинуваат за авторство на документот кој во Кабинетот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ стигнал со наслов „Акциски план Барбика – работна верзија, строго доверливо“.

Документот содржи попис на активности со кои во претстојната претседателска кампања требало да се дискредитира кандидатот на Хрватската демократска заедница, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Јосиповиќ вели дека станува збор за подметнување, а владејачката Социјалдемократска партија и опозициската Хрватска деморкатска заедница меѓусебно се обвинуваат за создавање на документот.

На Хрватска и претстои кампања за претседателски избори што треба да се одржат во 2015 година. Засега освен актуелниот претседател Јосиповиќ, сигурен кандидат е Колинда Грабар Китаровиќ и која во моментот е на функцијата помошник на генералниот секретар на НАТО.

Како што објави Јутарњи лист, со документот кој стигнал по пошта во Кабинетот, имало и писмо од анонимна наводно загрижена членка на владејачката СДП која тврди дека документот е напишан во СДП, за потребите на Јосиповиќ во претседателската кампања.

Во документот меѓу останатото се тврди дека би требало да се пласира дека Грабар-Китаровиќ лажира истражувања на јавно мислење, детали од нејзиниот личен живот, детали за имотот, наводни љубовни афери…а, како најголемо „откритие“ е дека татко и бил партизан.

Би требало, како што се препорачува, противкандидатката на Јосиповиќ да се нарекува Барбика, па дури и да се објавуваат карикатури со Барбика која игра „ужичко коло“. Претседателот Јосиповиќ вели дека тоа е подметнување од параразузнувачко подземје.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик