(ВИДЕО) ААМ: Да се распише референдум за или против барокен ГТЦ

Од:

Асоцијацијата на архитекти на Македонија доставила предлог до општина Центар да распише референдум за да граѓаните се изјаснат дали сакаат едно од модерните обележја на Скопје да се претвори во барокна фасада. Според асоцијацијата овој референдум има за цел да ја зачува автентичноста на архитектурата на објектот, духот и карактерот на ГТЦ.

-Сознанијата што ги има ААМ се дека се изработува основниот проект на ГТЦ, засега нема основен проект и никој не знае дали Градскиот трговски центар ќе се менува целосно или само фасадата. Испративме писма до триете архитектонски факултети во државата, но нема никаков одговор. Ист така, јас да бев автор на толку многу градби од Скопје 2014 како што е авторот на баркониот ГРЦ, ќе бев горда и ќе зборував за своите проекти, рече Сања Раѓеновиќ, претседателка на ААМ

Со најновите измени на Законот за градење од февруари 2014 година се додаде членот 67, со кој освен советот на Општината и Град Скопје можат да ги утврдуваат изгледот на фасадите, со што, според архитектите, Градот Скопје ќе стане правен сопственик на доградбата на ГТЦ.

-ГТЦ е културно градителско наследство, неговата функција е дек од целовитоста на објектот за кој би требало да бидат задржани сите референци. Но, со овие најнови и чести измени на Законот за градење, доградбата на ГТЦ е легална, но не и легитимна, рече Даница Павловска, архитект.

Архитектите се надеваат дека Општина Центар во најкраток можен рок – пред да почне градбата, ќе изгласа да се оди на референдум за ГТЦ.

Асоцијацијата на архитекти минатата година во јуни организираше голем протест против барокен ГТЦ, и’ пишуваше до сите надлежни институции да се спречи уништувањето на ГТЦ, но без одговор.  Општина Центар најдоцна утре ќе излезе со став за референдум за ГТЦ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов