Хрватската Влада ја усвои програмата за санирање на штетите од поплавите

Од:

Хрватската Влада ја усвои програмата за обновување и санирање на последиците од поплавите во регионот на Вуковарско-сремската жупанија, чија реализација почнува следната недела.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави дека Владата ја следи ситуацијата на теренот и оти оценила дека луѓето се нетрпеливи, но и разумни, а обновувањето ќе се спроведе побрзо од кога и да е.

– Вистинската санација почнува следната недела, кога ќе почне отсранувањето на објектите, кои треба да се урнат и да се обноват оние, за кои има таква можност, истакна хрватскиот премиер и ги повика граѓаните од поплавените региони да се заложат за обновување на нивните имоти, додека училиштата и другите државни објекти ќе бидат санирани од државата.

Министерот за градежништво Анка Мрак Тариташ изјави дека во регионот на Жупаниско-сремската жупанија треба да бидат изградени или обновени 2.689 станбени објекти, 4.813 помошни, 4.234 стопански и 32 државни.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик