Од влегувањето во ЕУ, Хрватска ја напуштиле 91 лекар, а 600 се подготвуваат да заминат

Од:

Откако Хрватска стана полноправен член на Европската унија, државата ја напуштиле 91 лекар кој бил вработен во здравствениот систем или сакал да добие место во него, со што државата има загуби од стотици милиони куни.

Просечната возраст на лекарите што заминуваат во странство е 41 година. Речиси 77 отсто од оние кои заминале во странство се помлади од 45 години. Најмногу заминале анестезиолози (20 отсто), интернисти (16,5 отсто), гинеколози и радиолози.

Податоците ги претстави Хрватското здружение на болнички пациенти истакнувајќи дека тоа не е круцијален проблем кој се наметнува, туку прашањето за здравјето на хрватските пациенти.

– Она што посебно загрижува е и тенденцијата за поизразено заминување, бидејќи за една година хрватско членство во Унијата, дури 600 хрватски лекари комплетирале документација за заминување на работа во странство, наведуваат од тоа здружение.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик