Хрватско здружение собра потписи за референдум за кирилицата

Од:

Граѓанската иницијатива „Стожер за одбрана на хрватски Вуковар“, собра доволно потписи за распишување референдум за двојазичност, покажува извештајот кој хрватската Влада денеска го упати до хрватскиот Сабор што треба да одлучи дали до Уставниот суд да поднесе барање за оценка на уставноста на референдумското прашање или ќе одреди датум за референдум.

Извештајот за спроведената проверка на бројот и веродостојноста на потписите на избирачите за распишување референдум во јавноста познат како „референдум за кирилицата“, на седницата на Владата го поднесе министерот за управа Арсен Баук, чие министерство заедно со Државниот завод за статистика било задолжено за проверка на потписи.

Заводот, според Баук, утврдил дека се собрани над 526.549 веродостојни потписи, што ги задоволува законските критериуми од потребните десет отсто од вкупниот број избирачи.

Од почетокот на септември минатата година во Вуковар почнаа немири поради поставување двојазични табли со натписи на државни институции и на српски јазик и кирилично писмо.

После тоа, Стожерот за одбрана на хрватски Вуковар иницираше распишување референдум за употреба на малцинскиот јазик и писмо во цела Хрватска.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик