Стршленот пронајден во Кавадарци не бил азиски

Од:

Стршленот што го пронајде кавадаречкото семејство за којшто имаше сомневања дека е азиски, бил обичен.

Верица Клинчарова, биолог во Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во Кавадарци при Центарот за јавно здравје Велес изјави дека тоа денеска го потврдиле резултатите од анализата направена на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде бил препратен инсектот.

– Ние уште вчера откако го видовме инсектот рековме дека првичните согледувања говорат оти не станува збор за опасниот азиски стршлен. За секој случај го однесовме во Скопје каде што само се потврди нашето мислење, рече Клинчарова.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он