Република Того го призна Косово

Од:

Република Того и официјално го призна независно Косово.

За оваа одлука на Того, шефот на косовската дипломатијата Енвер Хоџај бил лично известен од неговиот колега Роберт Дусев.  Со тоа Того стана 107 земја членка на Светската организација која го признава Косово.

Признавањето даоѓа по посетата на министерот Хоџај на 20  јануари годинава, кога од својот колега побарал признавање на Косово. Исто така при неодамнешната официјална посета на Саудиска Арабија, Хоџај имаше средба со шефот на дипломатијата на Того во рамките на лобирањето за признавањето на Косово од што поголем број земји.

Министерот Дусев, според косовските медиуми, се очекува набрзо да оствари посета на Косово, кога ќе биде потпишана спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Того се наоѓа во западниот дел на Африка, има над седум милиони жители, а членка на ООН е од  20 септември 1960 година.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски