Крајно време е да се појават. Ширум светот вчера е одбележан Меѓународниот ден на неидентификувани летачки објекти (НЛО), но конечен одговар на прашањето „Дали сме сами во Вселената“ и понатаму нема.
Повеќе од илјада уфолози се собраа во Розвел (САД) каде на 2 јули 1947 година наводно се урнала летечка чинија, на која имало„мали зелени“. Тие веруваат дека Владата во Вашингтон веќе со децении го крие овој случај, како и доказите за постоење на вонземјани.
Во меѓувреме, феноменот НЛО и понатаму е мистерија и покрај тоа што ширум светот се забележани илјадници мистериозни случаи, а сведоците се колнат дека виделе вонземјани. Во 21 век кога современите средства на комуникации станаа лесно достапна, а паметните телефони поседуваат добри камери, вистинско чудо е што никој не снимил вонземјани. Од друга страна, се поголемиот процент од испитаниците во голем број анкети се изјаснуваат дека веруваат дека вонземјаните постојат.
– Најлогично објаснување зошто луѓето веруваат во постоење на вонземјани без конкретни докази, е вродената потреба луѓето да ја бараат смислата на животот, оцени Стивен Дајмонд, филозоф од Лос Анџелес.
Последните истражувања покажуваат дека 36 отсто од Американците веруваат дека НЛО постои и дека вонземјаните се спуштиле на Земјата. Светската мрежа уфолози во текот во 2013 година примила повеќе од 4.100 пријави за неидентификувани летачки објекти.