Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина ќе се сретнат денеска во Берлин

Од:

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина ќе се сретнат денеска во Берлин, за да се обидат да ги усогласат иницијативите за прекин на конфилктот во Источна Украина.

Според дипломатски извори средбата нема да има утврден дневен ред, со цел да не се создадат предвремени очекувања.

Средбата е на иницијатива на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајмнајер, пренесува ДПА.

Според германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ целта на средбата е да се разговара за мерки за изградба на доверба. Четворицата министри ќе се сретнат во зградата на германското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија