ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ја запалила љубовницата на сопругот на улица

Од:

Ши од Кунминг, во кинеската провинција Јунан, ја полеала со бензин љубовницата на сопругот и ја запалила на улица пред чајџилница, пренесуваат кинеските медиуми.

Според зборовите на сопственикот на чајџилницата, Ши која што на себе носела црна облека, ја прашала жената дали е во врска со нејзиниот сопруг, по што ја полеала со бензин и ја запалила, без да добие каков било одговор.

Инцидентот го забележала видео камера од автомобил, кој поминувал покрај местото на настанот.

На снимката се гледа жена обвиткана во пламени јазици, која потоа паѓа мртва. Нејзиното тело потполно изгорело, така што не е можно да се идентификува.

Како што пренесуваат медиумите, Ши по нападот испила пестициди и ги пресекла вените со нож, по што е пренесена во болница.

Предупредување: Видеото е вознемирувачко

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он