Во Сараево со повеќе манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.
На 28 јуни 1914 година Гаврило Принцип, Србин од Босна го уби Франц Фердинанд во Сараево. Атентатот беше повод Австроунгарија да ја нападне Србија, со што почнува Првата светска војна.
Принцип, и уште неколку членови на политичко-револуционерната младинска организација „Млада Босна“, изврши атентат врз Франц Фердинанд, при што загина и неговата сопруга Софија Хотек.
Претседателот на Австрија, Хајнц Фишер денеска ќе присуствува на концерт на Виенската филхармонија во Сараево. Фишер претстојува во Сараево на покана на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изедбеговиќ и градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ.
– Сакам овој ден да го одбележиме заедно, како ден на мирот, посочи Фишер пред посетата.
Во присуство на претставници на Републкика Српска и на Србија денеска и во Вишеград, во рамките на Андриќград, ќе биде одбележана стогодишнината од атентатот во Сараево и почетокот на Првата светска војна.