Во текот на минатата година компаниите кои се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 10.023.494 илјади денари, што е за 8,9 отсто повеќе во однос на претходната година.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има “Материјали за врзување” со 3.365.109 илјади денари или 33,6 отсто, потоа следуваат групите “Потрошено гориво” со 1.821.146 илјади денари или 18,2 отсто, “Материјали за армирање и прицврстување” со 1.408.200 илјади денари или 14 отсто.