Пјонгјанг се пофали со успешни тестирања на тактичка ракета со голема прецизност

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека успешно тестирала нова високопрецизна тактичка ракета со краток дострел, јави ДПА, повикувајќи се на севернокорејските државни медиуми.

Веројатно станува збор за вчерашното лансирање на три ракети, што паднаа во Јапонско Море, источно од Корејскиот Полуостров.

Според соопштението на Пјонгјанг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „лично раководел со истрелувањето на новоразработените прецизно управувани ракети“.

– Пробното истрелување и помогна на Корејската народна армија да ги поседува сите средства за нанесување удар, вклучувајќи ги и управуваните ракети со мал, среден и голем досег со прецизност на светско ниво, и и дава можност за максимална точност и моќ на ударот, се наведува во официјалното севернокорејско соопштение.

Трите вчера истрелани ракети паднаа во меѓународни води.

Јужнокорејски воени извори синоќа соопштија дека експертите се обидуваат да го идентификуваат типот на ракетите, што имаат веројатен досег од околу 190 километри.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња