Индонезиската агенција за спречување несреќи денеска ги предупреди Сингапур и Малезија дека постои опасност и годинава магла од чад да го покрие поширокиот регион во југоисточна Азија. Опасноста ја зголемува најавата за доближување на непредвидливиот ураган „Ел Нињо’’, кој се очекува да беснее кон крајот на јули и во август. Овој ураган, што се јавува во нерамномерни интервали, предизвикува суша во пацифичкиот дел на Азија и силно невреме со многу дождови во Јужна Америка.
Поучени од минатогодишното искуство кога, поради големиот број неконтролирани пожари на Суматра Сингапур и југот на Малезија беа со недели прекриени со густи облаци од чад, надлежните служби во трите држави решија координирано да ја следат состојбата и акциите за гасење на пожарите. Сингапур и Куала Лумпур бараат Индонезија да преземе поголема одговорност и да вложи повеќе средства за набавка налетала што ефикасно ќе делуваат на опожарените терени.
Индонезијците, во соработка со метеоролошката агенција на САД, деновиве утврдија 360 можни локации на кои наскоро ќе избувнат пожари. Дел од пожарите се предизвикани од традиционалниот начин на чистењето на почвата по жетвата на оризот, но погема штета прават намерно предизвиканите пожари, со цел во прашумите да се обезбеди слободно земјиште за подигнување на планатжи на палми што скужат за производство на палмино масло.