(ВИДЕО) Рамадани: Очекувам арбитрарно решавање на спорот за името

Од:

Новиот претседател на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека очекува за проблемот за името да се оди на некоја комбинација за арбитрарно решавање, со тоа што најверојатно највлијателните земји, односно земјите од Советот за безбедност на ОН со нивни претставници ќе се вклучат во решавање на проблемот.

Рамадани вели дека назначувањето на Зоран Јолевски за министер за одбрана по неговиот седумгодишен престој во САД каде што беше македонски амбасадор и преговарач за името, било изненадување Очекувањата се, вели, дека неговите конекции, неговото искуство може да придонесе Република Македонија во да има подобра позиција, односно да воспостави и понатаму добри контакти во однос на членството во НАТО

Што очекувате сега пред Самитот во септември, иако Македонија може да стане членка на НАТО на секој состанок на амбасадорите и да ја добие таа покана?

Точка за проширување на Самитот во септември сега засега нема, а и Црна Гора и Република Македонија ќе бидат на ист ранг во однос на интеграцијата кон НАТО, со тоа што за Република Македонија проблемот е малку потежок и посензитивен, затоа што сепак се работи за името на државата.

„Ние веќе ако сакаме малку повеќе и подлабоко да навлеземе во состојбите во однос на решавање на името и членството во НАТО, треба да очекуваме притисоците од надвор, за кои реков дека се софистицирани, меѓутоа ќе влијаат да има притисоци и внатре во државата. Да речеме, имаме една ситуација на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ДУИ со тој ентузијазам дека ние ќе бидеме дел од оваа коалициона влада со тоа што очекуваме дека до наредниот Самит ќе добиеме покана за членство во НАТО. Тоа е преамбициозно и една таква амбиција ако не се оствари, тогаш се појавува таа политичка криза, односно владина криза. Ако создаваме ситуација која е политички кризна во Република Македонија, тогаш и надворешниот фактор ќе биде многу поприсутен во нашата земја, дури и очекувам и за проблемот за името може да се оди дотаму да се оди на некоја комбинација за арбитрарно решавање на проблемот со Грција, со тоа што најверојатно највлијателните земји, односно земјите од Советот за безбедност на ОН со нивни претставници ќе се вклучат во решавање на проблемот со името, затоа што решавањето на проблемот за името значи отворен и сигурен пат кон тоа што значи членство во НАТО и во ЕУ“, вели Рамадани.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина