А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Писмо со сочувство од Груевски до бугарскиот колега Орешарски поради жртвите во поплавите

by А1он20/06/2014 - 17:58136
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски испрати писмо со сочувство до бугарскиот премиер Пламен Орешарски поради големите поплави кои ја погодија Бугарија во кои загинаа повеќе лица, а е предизвикана и голема материјална штета.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Дозволете ми, во овој тежок период за Република Бугарија, од мое лично име, и од името на граѓаните на Република Македонија да изразам длабоко сочувство за жртвите од поплавите. На семејствата кои ги загубија своите најмили, Ве молам да им пренесете дека сочувствуваме со нивната болка и дека нашите молитви и мисли се со нив, стои во писмото на Груевски.

Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика, посочува премиерот, сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта на Владата на Република Македонија.

– Подготвени сме во најбрз можен рок да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со цел санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода. Упатувајќи го уште еднаш моето сочувство, дозволете ми да ја изразам мојата надеж дека набрзо ќе успеете да ја нормализирате состојбата и да ги надминете последиците од поплавите, се вели во писмото од премиерот Груевски до Орешарски.

bugarijapremier

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:57

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 08:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео