Брод, кој превезувал 97 лица од Индонезија, потона синоќа покрај западното крајбрежје на Малезија, а 61 патник се уште не е пронајден, соопшти малезиската поморска агенција.
Патниците, меѓу кои имало жени и деца, веројатно се обидувале нелегално да влезат во Малезија.
Еден брод е вклучен во потрагата по евентуално преживени патници, а подоцна ќе му се придружат уште два.
Несреќата се случи синоќа околу полноќ по локално време на три километри од крајбрежното гратче Бантинг во Малакскиот премин.