Решение за подолг век на батериите

Од:

Траењето на батеријата претставува најголем проблем за многу корисници на мобилни телефони и таблети и затоа треба да се стави акцент на ветувачката нова технологија.

Ултракондензаторите не се голема новост, но се наоѓаат на самиот врв кога е во прашање трката за подобра батерија.

За разлика од литум јонските батерии, кои ослободуваат енергија како резултат на хемиската реакција во ќелијата, ултракондензаторите ја складираат енергијата во електричното поле.

Тие се помали од стандардните батерии и можат да испорачаат многу енергија, но традиционално испорачувале помалку сила по полнењето.

Компанијата под името „Пејпр Батери“ од Њујорк тврди дека поседува сопствено заштитена технологија. Таа произведува тенок и флексибилен лист на ултракондензаторот кој може да се користи како батерија, или може да се обвитка околу литум јонската батерија, со цел да се продолжи нејзиното траење.

Овие ултракондензатори можат драматично да го зголемат траењето на батеријата, термалната ефикасност и ефективност на сигналот на електронските апарати, како што се смартфоните, таблетите…

„Пејпр Батери“ тврди дека нејзината технологија моментно ја проценува „една голема компанија која се занимава со производство на технички апарати“.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ