За попладнево е најавено воглавно нестабилно време со појава на пороен дожд, засилен ветер, грмежи но и можна појава на град.
Според УХМР, ваквото време ќе биде особено во северните и западните делови на Македонија.
Во текот на викендов нестабилното време ќе се прошири во поголем дел од земјава, а најавена е и појава на град.
Се очекува да фати и невреме со град и обилни врнежи на дожд.
Од УХМР препорачуваат за време на електричните празнења, да не се стои под дрва и повикуваат на внимателност.