„Три години нашите мисли се насочени кон Идризово, во занданите каде што нашиот лидер, брат Љубе, неправедно го откинаа од нашето ткиво – Обединети за Македонија. Ние сме единствената политичка опција поврзани со судбината на својот народ и држава, држава замрачена во безбедносно – политичко битисување и народ во тешко животно опстојување.
Го откинаа во моментот кога имаше желба, моќ, визија да ја доближи Македонија до НАТО и ЕВРОПА, да го подигне животниот стандард, достоинствен во времето во кое живееме.
Копајте по сите домашни и странски институции, домашни и банкарски сметки, ќе го најдете само Љубе со своите мисли и дела втаен во судбината на својот народ и држава. Единствено што ќе најдете се четири години притвор во Хашките зандани за одбрана на Македонија со ослободителна пресуда.
Никој и никогаш неможе да уништи онолку колку што Македонија може да роди, створи, одгои, имала, има и ќе има славни чеда свои.
Горди сме што си еден од нив ПРЕТСЕДАТЕЛЕ“, се вели во соопштението на ОМ, по повод поминати три години откако беше уапсен во Скопје.