Германскиот Парламент го продолжи мандатот на германскиот контингент во силите на НАТО во Косово (КФОР) за уште една година.
– Имајќи ги предвид тензиите во односите меѓу етничките групи на Косово, сметаме дека нашето учество во КФОР е неопходно, изјави експертот по прашањата за надворешна политика во Демохристијанската унија, Питер Бејер.
Оваа мисија во Косово, која започна во 1999 година, претставува најдолгата мисија на Бундесверот.
Моментно на Косово се распоредени околу 800 германски војници и офицери.
Силите на НАТО во Косово бројат речиси 4.000 војници и офицери од 32 земји.