КФОР: 200 британски и повеќе од 130 романски војници пристигнаа на Косово

Од:

КФОР денеска соопшти дека на Косово пристигнал контингент од 200 британски и повеќе од 130 дополнителни војници од Романија, со цел зајакнување на силите на мисијата.

Како што се наведува во соопштението, 200 војници од првиот баталјон на полкот на кралската принцеза од Велс пристигнале од Велика Британија и се приклучиле на контингентот од 400 британски војници кои веќе се на Косово.

Во него се додава дека дополнителни војници пристигнале во Косово за да го зајакнат присуството на КФОР на север и да го подобрат патролирањето по административната линија, по „нападот врз косовската полиција на 24 септември и зголемувањето на тензиите во регионот“.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти