Влада: Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово

Од:

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово.

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

КФОР: 200 британски и повеќе од 130 романски војници пристигнаа на Косово

Велика Британија испраќа 200 војници да се приклучат на КФОР на Косово

НАТО: Одобривме дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово

Орце Костов

КФОР за апсење на тројца Срби: Косовската полиција не извести за тоа дури еден ден подоцна

ВИДЕО: Србите од Лепосавиќ и американските војници си ги одмерија силите во влечење јаже

Катерина Ѓуровски