ВИДЕО: Почна да се гради новата фонтана од 2,5 милиони евра

Од:

Започнаа градежните работи за изградба на таканаречената сува фонтана на плоштадот „Македонија“, на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост.

Работниците денеска го маркираа просторот на плоштадот каде ќе се прави фонтаната.

Таа ќе биде со правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

На плочите од фонтаната ќе бидат поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ќе ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки. Визуелниот ефект на фонтаната ќе се постигне со игра на млазевите, а навечер и со игра на светлата.

Во близина на фонтаната ќе биде поставен комора-машинска хала за опремата за работењето на фонтаната со сензори, скимери, филтри, сонди и друго.Покрај изведбата на површинска фонтана на плоштадот „Македонија“ ќе се изврши и реконструкција на партерот на плоштадот. Водата што прска од млазниците ќе понира меѓу плочите и ќе се враќа во системот. Атмосферските води од партерот преку каналетки ќе се одведуваат преку постојната атмосферска мрежа.

Проектот за изградба на површинската фонтана и за реконструкција на партерот на плоштадот „Македонија“ е на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп, а на терен ќе работат екипите на градежната компанија „Трансмет“ од Скопје. Овој проект ќе чини околу 150 милиони денари или 2 милиони и 440 илјади евра. Градот Скопје ќе обезбеди една третина од средствата, а Владата две третини од парите. Градежните работи треба да завршат за 120 работни дена или за повеќе од шест месеци.

СДСМ веќе реагираше за трошењето пари од граѓаните за уште една фонтана во центарот на Скопје.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски