Украинскиoт претседател се сретна со Барак Обама во Варшава

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека со новоизбраниот шеф на украинската држава Петро Порошенко го разгледал планот на Киев за враќање на мирот, засилување на економскиот раст и намалување на енергетската зависност на Украина од Русија.

По средбата, Обама изјави дека со Порошенко разговарале и за тоа како САД да помогнат во обуката на украинската армија и полиција.

Американскиот претседател го информирал Порошенко дека воената помош од САД може да вклучува и давање уреди за ноќно набљудување (визири). Украинците бараат повеќе помош заради стравувањата од руска интервенција во Украина.

Обама, исто така, изјави дека е важно претстојната средба на Г-7 да покаже дека меѓународната заедница стои зад Порошенко.

Порошенко синоќа, како што јави ДПА, ја поздрави солидарната позиција на Западот за конфликтот меѓу Украина и Русија.

– Гледаме дека во овој момент цел свет е на наша страна. Агресорот е осуден на изолација, рече тој.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина