Секој граѓанин исфрлил по 384 килограми комунален отпад

Од:

Секој граѓанин во земјава во текот на минатата година создал и исфрлил 384 килограми комунален отпад. Државниот завод за статистика објави дека вкупната количина комунален отпад во 2013 година во земјава изнесува 554.938 тони и бележи намалување во однос на претходната година за еден отсто.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион – 147.220 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 439.571 тони или 79 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 21 отсто од правни и физички лица.

Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија, во 2013 година, изнесува 792.785 тони. Целокупното количество собран комунален отпад се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски