Најпознати тајни друштва, за кои што се претпоставува дека владеат со светот од сенка, се Масоните и Илумините. За нив се верува дека имаат луѓе на високи државни функции, индустрии и банкарство. Ова се некои од нив.
Масони
Друштво со најдолга историја, кое постои и денес. Тие станаа симбол на тајно ракување, бизарни ритуали и хиерархија преку која членовите се движат по скала во зависност од нивното искуство и почит кон друштвото.Тие се основани како унија на помали заедници, а првата ложа е формирана во Лондон во 1717 година.
Многу модерни тајни друштва се реплика на масоните, барем кога се работи за поздрави, тајни кодови, приватни ритуали и комплексен ланец на командување, пренесе „Хафингтон пост“.
Михајло Пупин, Доситеј Обрадовиќ, Вук Караџиќ, Стеван Мокрањац, Живојин Мишиќ и Ѓорѓе Вајферт се само некои од српските масони.
Илуминати
Ова здружение настанало со одвојување од масоните и од тогаш се тема на теоретичарите на завери, меѓу кои најпознати се тврдењата дека илуминатите се режисери на голем број катастрофи, мистерии и економски кризи. Нема никакви докази дека тие се уште постојат, но тоа само ги прави уште по мистериозни и привлечни за истражување.
Баварските илуминати се основани во 1776 година со цел да се спротивстават на празноверието, предрасудите, верското влијание на јавниот живот, злоупотребата на власт но и како поддршка за образование на жените и родовата рамноправност.
Голем број друштва сами се поврзувале со нив, поради што се уште не се знае точната врска на илуминатие со првобитното здружение, кое е забрането во 1785 година. За нив често се тврди дека управуваат со светските случувања, со цел да создадат нов светски поредок. Теоретичарите на завери тврдат дека голем број значајни луѓе им припаѓале на илуминатите, а претседателите на САД се вообичаена мета на таквите тврдења.
Розенкројцери
Основани се во 15 век од страна на Кристијан Розенкруц во Германија, а дури два века подоцна станале познати во светот. Постои тврдење дека всушност тие ги создале масоните, илуминатите и дека стојат зад секоја значајна револуција во светот. Познати се и под името Братство на розиниот крст.
Билдерберг
Оваа елитна група секоја година се собира на различно место во луксузни хотели или ресторани ширум светот. Бидејќи состаноците се многу затворени, многумина тврдат дека тогаш се одредува судбината на целата планета.
Иако не се тајно друштво, нивното влијание на светот е загрижувачко, бидејќи ги опфаќаат речиси сите влијателни компании во светот.
Протоколи на сионските мудреци
Хенри Форд во 1920 година во своите весници објавил серија статии кои содржеле руски документи под името Протокол на сионските мудреци, а закратко време се повлечени под наводи дека се работи за лажни документи. Тоа е антисемитски памфлет, кој ја опишува наводната еврејска и масонска завера да се завладее со светот.
Темплари
Темпларите се познати и како Редица на сиромашни витези на Христос и Соломоновиот храм, односно познати под името Витези Темплари, а се основани на почеток на 12 век.
Тие набргу станале важен фактор на меѓународната политичка сцена во тоа време, кога добиле неколку привилегии од папата, меѓу кои и да го собираат данокот од подрачјата, кои биле под нивна контрола. Темпларите имаат голема улога во ритуалите и основањето на различните гранки на модерните масони.
Е. Г.