На денешен ден пред 23 година македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдовски како членови на белградска Црвена звезда ја освоија титулата европски клупски првак.
Во финалето на Купот на шампиони (сега Лига на шампиони) одиграно на стадионот „Свети Никола” во Бари, на 29 мај 1991 година, Црвена звезда по изведување на пенали го совлада Олимпик Марсеј со 5:2 откако по регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши без голови.
На патот до титулата Црвена звезда ги совлада Грасхоперс (1:1 прв натпревар и 4:1 втор натпревар), Глазгов Ренџерс (3:0 и 1:1), Динамо Дрезден (3:0 и 2:1), а во полуфиналето го елиминираа Баерн Минхен (2:1 и 2:2).
Столб на одбраната во тимот на црвено-белите беше Илија Најдоски, а најдобар стрелец со 34 голови беше Дарко Панчев со што тој го освои и признанието „Златната копачка“.