Клаус: Чесите на евроизборите покажаа дека не ги интересира ЕУ

Од:

Според поранешниот претседател на Чешка и познат евроскептик Вацлав Клаус, слабата излезност на Чесите на евроизборите е јасен сигнал дека не ги интересира Европската унија, јави дописникот на МИА од Прага.

Клаус во интервју за Чешката телевизија (ЧТ) оцени дека изборите за пратеници во Европскиот парламен(ЕП) во земјата, покажаа дека од политичката сцена сосема исчезна десницата и е создадена огромна разлика меѓу партиите, односно некои сосема исчезнаа од политичката сцена.

– Овие избори кај нас ги добија апстинентите. Оние 82 отсто од луѓето кои не дојдоа на гласање, дадоа јасен сигнал дека Европската унија не ги интересира, рече Клаус, осврнувајќи се на многу ниската излезност од 18 проценти, која по Словачка беше втора најниска бројка меѓу европските земји.

Според поранешниот шеф на чешката државата, тоа се должи на фактот дека Чесите знаат дека „ЕУ нема никаква врска со демократијата и дека Европскиот парламент е игра која апсолутно нема никакво значење”.

-Значи, какви резултати ќе имаат евроизборите, во основа нема никакво значење за идниот живот во Европа, вели Клаус.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија