Градот Красногорск во Казахстан речиси е напуштен и стана вистинска мистерија за лекарите и другите медицински експерти. Наназад една година, во бранови се појавува епидемија на болест на спиење.
Луѓето кои се разболуваат спијат и по шест дена. Никој не знае зошто.
До сега, се појавија неколку бранови од епидемијата, од кои првиот во март минатата година, а последниот, сега во мај. Со болеста спиење биле заразени околу 60 лица, кои откако ќе се разбудат имале привремено губење на помнењето.
Една од жртвите е и Марија Фелк, од селото Калачи во Красногорск.
– Ги молзев кравите како и секое утро и само заспав. Не се сеќавам на ништо освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и медицински сестри, рече Фелк.
До сега на подрачјето на Красногорск направени се повеќе од седум илјади тестирања на тлото и водата за да се пронајде причината на оваа болест, но експертите и понатаму не можат да ги најдат причините за оваа болест.