Најмалку седум лица загинаа, а над 20 се повредени денеска во пожар на автобуска станица во близина на Сеул, јавија јужнокорејските власти.
Причина за повредените и жртвите е вдишување на чад како последица од пожарот.
Противпожарната служба соопшти дека пожарот избил на терминал во Гојанг, северозападно од Сеул. Како причина за несреќата се наведуваат градежни активности.