Витали Кличко ќе биде нов градоначалник на Киев.
Според прогнозите, по одржаните избори за градоначалник на Киев, повеќекратниот светски боксерски првак Витали Кличко добил околу 57,4 проценти од гласовите.
42-годишниот Кличко трет пат се кандидираше за функцијата, претходните два пати, во 2006 и во 2008 година загуби на гласањето. Освен тоа, неговата партија Удар, според сопствени наводи, со освоени околу 40 проценти гласови е најсилната партија во киевскиот совет.
Петро Порошенко, кој според прогнозите, во првиот круг ги доби потребните гласови на претседателските избори во Украина, му ја честиташе победата на својот сојузник Кличко.