Кличко: Колапс на украинската енергетска инфрасктуктура може да се случи во секој момент

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека колапсот на енергетската инфраструктура на Украина „може да се случи во секоја секунда“.

„Ние не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи во секоја секунда, бидејќи секој руски проектил може да ја уништи критичната инфраструктура во Киев, но не само во Киев, туку и во другите градови“, рече тој во интервју за Ројтерс од Светски економски форум во Давос, Швајцарија.

„Во моментов имаме енергетски дефицит од околу 30 отсто во Киев“, додаде тој. Предупредувањето на Кличко дојде во време на зима во која милиони Украинци останаа без пристап до електрична енергија, вода и централно греење поради нападите на Русија врз критичната енергетска инфраструктура.

„Сега е прилично студено во Украина – минус 10, минус 20, понекогаш минус 30 степени во зима. И во овие временски услови речиси е невозможно да се живее без струја и без парно и затоа ситуацијата е критична, се бориме да преживееме“, нагласи Кличко.

Би можело да ве интересира

Руски ракетен напад врз Одеса, има повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стрелков: Го советувам Путин да замолчи и да не ја отвора устата

Ана Ололовска

Русија бара работници за изградба на утврдувања на Крим – дневница до 90 долари

Путин: Британија најави испраќање тенкови и гранати со осиромашен ураниум, ако тоа се случи, ќе одговориме

Ана Ололовска

Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Ана Ололовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска