Баросо: ЕУ го осудува ужасниот чин со убиствата во Музејот на Евреите во Брисел

Од:

Длабоко сум шокиран од веста за чинот на насилство што чинеше животи на три невини луѓе во центарот на Брисел попладнево и во мое лично, но и во име на Европската комисија упатувам изрази на искрено сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен криминал.

Оваа порака, денеска, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ја испрати претседателот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Баросо, по синоќешниот терористички напад и убиства во еврејскиот музеј во европската и белгиска престолнина.

Баросо, исто така, истакна дека тој и официјален Брисел силно го осудуваат ваквиот ужасен чин, кој според него „се чини дека е во режија на религиозен симбол во срцето на европската престолнина“.

– Ова беше напад на европските вредности што не можеме да го толерираме. Моите искрени мисли и солидарност се со белгиската влада и народот – додаде Баросо.

Вчера, во попладневните часови во Музејот на Евреите во центарот на Брисел, напаѓач кој подоцна беше уапсен, уби тројца, а тешко повреди едно лице.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он