Серхио Рамос јунакот на Реал, голот го посвети на своето семејство

Од:

Јунакот на Реал Мадрид, дефанзивецот Серхио Рамос постигнатиот гол за израмнување во 93-минута, го посвети на своето семејство.

– Голот го посветувам на моето семејство, но и на целото наше огромно семејство во светот кое навива за Реал Мадрид’, изјави Рамос веднаш по натпреварот.

Рамос кој со својот гол го спаси Реал од пораз, не пропушти да го прокоментира и бакнежот од голманот Икер Касилјас, по постигнатиот гол.

Portugal Soccer Champions League Final

– Ти си навистина крал, ми кажа Касилјас, доколку убаво се сеќавам’, дополни Рамос. Сепак, скромноста на големиот борец и овојпат беше присутна, не сакајќи да ги преземе целосните заслуги само за себе, тој искоментира: „Голот не е само мој. Тој е плод на целата енергија, желба, страст која сите имаа за освојување на десеттата европска круна. Заслуживме да ја освоиме оваа шампионска титула, се боревме до последен момент, не се откажавме и сега допрва ќе славиме’’.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска