Барокната галија кај Мепсо доби и едра. Бели прекривки над галијата се поставени како завршница на конечниот изглед на објектот.
До него води мал метален мост, на влезот е поставен натпис „Ројал Македонија“ и ќе биде ресторан.
Надворешниот дел од галијата е украсен со мали столбови, а средишниот дел е обоен во црвена боја, а прозорите се украсени со златни елементи кој треба да потсетуваат на барокен стил.
Во реката Вардар се градат три од најавените четири галии, а според Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, дозволена е изградба на вкупно шест вакви брода. Четири се од десната страна на реката, поточно два кај поштата и кај МЕПСО, а другите два кај Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста. Барокните галии Град Скопје ги дава под концесија на десет години и за нив ќе наплаќа кирија од 36 илјади денари месечно.
А.Б.