Лек за превенција од ХИВ

Од:

Американските власти дозволија да се употребува „трувада“, лек за спречување зараза со ХИВ вирусот.

Трувада ќе се користи кај лицата што се изложени на висок ризик да се заразат со ХИВ. Лекот ќе ја зајакнува отпорноста на организмот против вирусот, а исто така ќе придонесе за побезбеден сексуален однос доколку еден од партнерите е веќе заразен, соопшти американската агенција за храна и лекови.

Лекот „трувада“ се наоѓа на пазарот во САД уште од 2004 година и неговото појавување беше поздравено од голем број експерти од целиот свет.

Некои научници тогаш истакнаа дека пуштањето во употреба на овој лек ќе ги охрабри тие кај кои постои висок ризик од заболување, но ќе ги разочара веќе заразените.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска