Уредничката во „Вечер“ и „Сител“, Ивона Талевска, ги тужи новинарите и редакциите кои пренесуваа за аферата „Висарис“ што ја обелодени СДСМ, а се однесуваше на тендер од 1 милион евра за набавка на медицинска опрема, јавува Фокус.
Тужби биле пристигнати во „Слободен печат“ и за „Фокус, поточно за главниот и одговорен уредник Бранко Героски, новинарката Мими Шулеска и издавачот добија тужба од Талевска со која таа бара вкупна отштета од 17.000 евра. Истата сума Талевска ја бара и од „Фокус“.
Ивона Талевска бара отштета од 10.000 евра од „Фокус“, 5.000 евра од главниот уредник Јадранка Костова и 2.000 евра од новинарката Мери Јордановска.
Според Фокус, најавени се повеќе тужби против медиумите од лицата и правните субјекти кои беа спомнувани на прес-конференциите на СДСМ. Тужбите веќе се во рацете на судиите на редакциите, а ќе им бидат доставени на редакциите пред почетокот на летните одмори.